Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Енди Мареј денес изјави дека има голема желба да го замени Ѓоковиќ на врвот на АТП листата, но дека тоа нема да биде лесно да се направи до крајот на годината.
На Ѓоковиќ му се заканува Мареј, и тој не смее да направи кикс на Мастерсот во Париз или завршниот турнир во Лондон, бидејќи во 2-та брани титули додека Мареј има голем простор за напредок.
„Доколку победам на сите натпревари до крајот на годината ќе станам најдобар тенисер. Сепак, никогаш не сум бил добар во Лондон, но ниту Париз се до минатата година. Ѓоковиќ има амбиција да ги освои 2-та турнири и не постои причина зашто тоа не би го направил.“
Мареј изјави дека не му се брза затоа што верува дека ако не сега, во 2017-та година ќе го премине Ѓоковиќ.
„Не ги контролирам случувањата, тоа може да се случи ако имам силен крај, по што новата сезона би била полесна. Сепак, ако не успеам оваа година, наредната година сигурно ќе го преминам Ѓоковиќ на АТП листата.“