„Не се откажувам, не сум на диета поради победите“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Најдобриот тенисер во светот, Ѓоковиќ неколку пати призна дека емотивно се празнел после освојувањето на Ролан Гарос, а дека не е во најдобра форма се виде во Шангај.

    Србинот изјави дека нема да води вегетеријанска исхрана и секојдневна исхрана повторно ќе се базира на месо, иако му препорачуваат да го смени режимот на исхрана.

    „Не сум на специјална исхрана поради тенисот, туку поради доброто на моето тело. Таа диета е одраз на мојот начин на живот. Нема да се откажам од неа бидејќи не ми е приоритет да победувам, освојувам титули и бидам најдобар во светот.“

    До крајот на сезоната Ѓоковиќ игра на Мастерсот во Париз и на АТП турнирот во Лондон.

    „Изгубив килограми, но оваа исхрана ми помогна моите движења да станат побрзи.“

    Првиот играч во светот во ½-финале на турнирот во Кина е поразен од Агут, а на најновата АТП листа му се приближи Мареј.