Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ретко кој веруваше во него, но тој успеа да го оствари својот сон и да стане најдобар во светот.
Меѓутоа, кога стигна на врвот, работите стануваа потешки од било кога. Освојувачот на 12 Грен Слем титули подели со светот што е потребно за да бидете број 1.
„Мора да се вратиме на почетокот. Почнав да играм тенис затоа што се заљубив во него. Во моето семејство, никој претходно нема допрено рекет, па ова беше судбина.“
„Од мал сакав да станам број 1. Во некои моменти тоа звучеше нереално, но верував, како и моето семејство.“
„Но мора да работите уште понапорно за да останете на врвот. Постојат многу пречки кои мора да ги поминете.“
„Се трудам да не ги земам работите здраво за готово. Не се чувствувам стар. Се надевам дека уште неколку години се пред мене.“
„Ќе се обидам да ги поместам границите, да видам колку далеку можам да стигнам.“
„Моја најголема мотивација е спортот. Тука ја наоѓам енергијата. Ако немам мотивација, тогаш не треба да останам на теренот.“