„Не сум преговарал со Аргентина!“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тренерот на Севиља, Сампаоли демантираше дека разговарал со Аргентина.

Откако остана Аргентина без селектор, почна да се шпекулира дека Сампаоли ќе го превземе тоа место.

Пред неколку денови една телевизија пренесе дека претседателот на сојузот на Аргентина, Тапи се сретнал со адвокатот на Самаполи, Фернандо Баредес.

„Не знам ништо за тој состанок. Не сум се сретнувал со никого. Што се однесува до состаноци со други луѓе, за тоа треба нив да ги прашате. Веќе зборував за мојата иднина во петокот, ништо се нема сменето од тогаш.“

Севиља го предупреди сојузот на Аргентина дека било каков состанок со нивниот тренер би бил „неприфатлив“ и дека ќе превземат правни потези за да го заштитат својот договор со Сампаоли.