Не успеа да се пробие во топ 200: Мал пад за Ѓорческа на ВТА листата


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Лина Ѓорческа сега се наоѓа на 206-то место на ВТА листата.

    Таа падна за 1 позиција на ВТА листата, но се очекува подобар ранкинг во иднина затоа што таа успеа да дебитира на ВТА турнирите.

    Денес започнува турнирот во Валенсија за 25.000 долари на кој ќе учествува нашата најдобра тенисерка и во 1-то коло од турнирот ќе се бори против Башек.

    Лина Ѓорческа е трета носителка на турнирот во Валенсија, а се надеваме дека ќе успее да ја освои титулата.

    Најдобра во светот е Кербер, а во топ 5 се уште и Серена Вилијамс, Радванска, Халеп и Цибулкова.