Н`Зонзи останува во Севиља – Барселона остана со „кратки ракави“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот играч Стивен Н`Зонзи го продолжи договорот со Севиља и така ги прекина сите шпекулации кои велеа дека ќе се пресели во Барселона.

Тој потпиша договор до 2020 година.

„Продолжувањето на договорот со Севиља уште еднаш ја покажа благодарноста за добрите игри на Французинот. Н`Зонзи останува во нашиот тим!“

28-годишниот фудбалер ја започна кариерата во Амиен, од каде во 2009 година премина во Блекбурн, а по 3 години се пресели во Стоук.

Со Севиља ја освои ЛЕ во 2016 година, а беше прогласен и за член на тимот на сезоната во тоа натпреварување.