Нигеријците во солзи, Рохо донесе нокаут фаза за Аргентина (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина го преживеа пеколот на стадионот во Санкт Петербург и со неверојатно тешки 2:1 стигнаа до злато вредна победа против селекцијата на Нигерија.

Лео Меси веќе по само 14. минути донесе предност за Аргентина и најави дека избраниците на Сампаоли ќе нападнат од самиот старт и ќе атакуваат на што  поголема победа. Сепак, по голот на Меси, Аргентинците како да притиснаа на сопирачките, а  Нигерија беше таа која диктираше темпо.

Африканците дојдоа до израмнување во 51. минута кога Виктор Мозес го претвори во погодок пеналот кој го направи Маскерано. Нешто подоцна, две колосални шанси не реализираше Одион Игало, а Чунејт Чакир не досуди и чист пенал во корист за Нигерија.

Сево ова го казни играчот на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо кој на спектакуларен начин донесе голема радост за Аргентинците.

Во вториот натпревар од оваа група, Хрватска и со комбиниран состав славеше против Исланд и не дозволи на островската селекција да ја загрози Аргентина на втората позиција.

Сега во осминафиналето ни преостанува да уживаме во прва мега пресметка помеѓу репрезентациите на Аргентина и Франција.