„Никогаш никој нема да биде како Федерер“


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез вели дека ќе биде интересно да се види дали може Федерер и Надал да се вратат во врвот на светскиот тенис.

    „Ривалството на нив двајца е завршено пред 3-4 години, кога Ѓоковиќ почна да доминира – од тогаш најважните натпревари ги одиграа Ѓоковиќ и Мареј. Тенисот има своја ера, но верувам дека Роџер и Рафа и понатаму можат да бидат конкурентни. Ѓоковиќ и Мареј ќе продолжат во ист ритам, но ќе биде интересно дали ќе им се приклучат и Роџер и Рафа.“

    Меѓутоа, Лопез нема дилема за тоа кој е најдобар тенисер во историјата.

    „Можеби ќе дојде некој кој ќе освојува повеќе титули, но Федерер одбележа една своја ера со свој стил на игра, независно од трофеите кои ги освои. Никој никогаш нема да може да игра тенис како Федерер.“

    Роџер во кариерата освои 17 Грен Слем титули и беше прв во светот цели 302 недели.