„Никогаш сум немал проблеми со Мурињо“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Играчот за врска на Манчестер Јунајтед Хуан Мата инстистира дека никогаш немал проблеми во односот со Жозе Мурињо.

    Мата токму по доаѓањето на Мурињо во Челси го напушти Стенфорд Бриџ, а сега тие двајца судбина беше за повторно да соработуваат на Олд Трафорд.

    Иако многумина очекуваа дека Шпанецот ќе биде во немилост кај Мурињо, Мата во оваа сезона е еден од клучните играчи на екипата.

    „Мојот однос со Мурињо никогаш не беше лош. Многу лаги се кажано за мене и Мурињо кога во ова лето стигна во клубот.

    „Ми пречи штом секој ден морам да слушам гласини кои се невистинити.Сите тие коментари на Фејсбук и Твитер може само да ве насмеат“, рече Мата.