Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Руската тенисерка Шарапова се враќа на тениските терени во април.
Таа пред 14 месеци доби суспензија поради земање на допинг, а требаше да паузира 24 месеци.
Сепак, казната и беше намалена на 15 месеци, па таа доби повик од ВТА турнирот во Штутгарт, но изгледа дека нејзиниот најтежок период следува.
Барбора Стрицова даде изјава дека не и е мило што се враќа Шарапова на теренот, а не се воодушевени и другите колешки.
„Тоа не е во ред. Ако направиш нешто такво, мораше да бидеш казнет. Но, таа е Марија и што можам јас тука? Шокирана сум од случувањата, но затоа што не можам ништо да сменам, не сакам ниту да размислувам за тоа. Немам ништо против неа, но не ми е ниту пријателка.“
„Ниту една тенисерка не сака да разговара со неа.“
И Стрицова беше казнета 6 месеци поради допинг, а таа тогаш зборуваше дека забранета супстанција влегла во нејзината крв затоа што користела таблети за слабеење.
Таа во моментов е на 20-то место во светот, а најдобар ранкинг имаше на крајот на јануари кога стигна до 16-то место.