„Нико ќе биде уште подобар“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Таткото на шампионот во светот на Ф1, Кеке Розберг смета дека неговиот син ќе биде уште подобар во иднина.

    „Среќен и исполнет човек е секогаш подобар во својата работа, па така сигурен сум дека ќе биде подобар од година во година. Ја почитувам неговата психичка и физичка сила. Тој прави се со 110% и се надевам дека сега конечно луѓето ќе почнат да го почитуваат колку што тој навистина заслужува.“

    Инаку, Кеке беше шампион пред 34 години, а неговиот син успеа да го повтори неговиот успех.