Ниту Баерн, ниту Манчестер: Ребиќ потпиша нов договор со Франкфурт!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ ги реши сите дилеми денеска за својата иднина.

Иако цело лето се шпекулираше дека ќе замине од Ајнтрахт Франкфурт, а најзинтересирани за него беа Баерн Минхен и Манчестер јунајтед, сепак Ребиќ на крајот потпиша нов договор со сегашната екипа.

Ребиќ денеска ја продолжи соработката со тимот до 2022. година, а Ајнтрахт оваа вест ја потврди на официјалниот веб-сајт.

„Анте е еден од најпозитивните ефекти на Светското првенство и не го криеме задоволството што потпиша договор со нас. Ние секогаш ќе се трудиме да ги задржиме најдобрите играчи“, кажа спортскиот директор Фреди Бобиќ.

Ребиќ е член на Ајнтрахт од 2016. година, а претходно играше за Верона, Фиорентина, Лајпциг и Сплит.