Ница прави тим за ЛШ – Стигнува засилување од Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Ница во новата сезона би можел да влезе посилен со Зума.

Овој 22-годишен стопер не е во плановите на Конте, па неговото заминување е се повеќе очигледно.

Зума најверојатно ќе се врати во Франција. За него се заинтересирани Ница и Марсеј, а тој е поблиску до Ница.

Го привлекува играњето во ЛШ. Ница преку квалификации ќе се обиде да избори пласман во групите и секако дека Зума ќе им биде од голема помош.

Член на Челси стана во 2014-та година. Стигна од Сент Етјен за 7 и пол милиони, но тешката повреда го спречи да го покаже тоа што го знае.

Оваа сезона настапуваше на 14 натпревари. Од тоа дури 9 натпревари одигра во ПЛ, а тоа не го задоволува и тој е подготвен да замине од тимот.