Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Манчестер јунајтед синоќа одигра 1-1 против Вулверхемптон во Премиерлигата, па така ја прекина малата победничка серија.
Кога сите помислија дека Јунајтед ќе се врати во самиот врв на англиската лига, тогаш се случи кикс против Вулвс, кој ангажираше многу засилувања, но секако се очекуваше „црвените ѓаволи“ да триумфираат на „Олд Трафорд“.
Ситуацијата беше добра кога Фред во првите 20 минути постигна гол за 1-0, но Мутињо ги шокираше домаќините со фантастичен гол и израмнување на 1-1.
Мурињо е разочаран со нерешениот резултат, а разочаран е и од некои свои играчи, за кои смета дека се виновни за тоа што не победиле.
„Очекував повеќе од моите напаѓачи. Немаше доволно креативност, движење и динамика. Повеќе од ова не заслуживме. Вулверхемптон имаше поголем мотив и беше поагресивен“, кажа Португалецот.