Ништо од враќањето на терен: УЕФА му ја продолжи казната на Насри!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Самир Насри нема да може да игра до јануари, откако денеска УЕФА му ја продолжи суспензијата.

Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер сити е виновен, зашто во 2016. година играше за Севилја и во исто време имаше третмани во една клиника во Лос Анџелес, каде што во организмот му биле внесувани имунолошки средства.

Иако се очекуваше 31-годишниот играч наскоро да се врати на теренот, сепак ќе мора да почека за тоа уште неколку месеци.