Ништо од трансферот на Ница: Не стигна засилувањето од Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мемфис Депај стигна во јули 2015 година како големо засилување на Јунајтед.

Тој требаше да има добра кариера, но не се прилагоди во Манчестер.

Еден од најталентираните играчи во Европа целосно исчезна и по се изгледа дека Јунајтед ќе го продаде за 25 милиони фунти.

Сепак и покрај фактот дека тој е очаен во Манчестер, сепак интерес за него постои.

Евертон покажа најмногу, а се поврзуваше и со Ница.

Тој сепак нема да замине во Франција, затоа што бил прескап.

„Го сакавме, но тој е прескап. Јунајтед сака скапо да го продаде, а неговата плата не ни одговара.“

Така пропадна шансата Депај да заигра во тимот на Балотели.