Ништо од трката во Лејк Луис: Нема доволно снег во Канада


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Трката од светскиот куп која беше планирана за наредната недела во Лејк Луис е откажана поради тоа што нема доволно снег во ски центарот во Канада.

    Контролата на снегот во Лејк Луис прво е извршена минатата сабота, а иако на патеката за спуштање и супервелеслалом во тој момент не беа подготвени, постоеше можност да се одржи трката поради временската прогноза. Поради тоа нова контрола беше закажана за среда, кога беше донесена одлука за откажување поради фактот дека до првите тренинзи има една недела, а патеката не е ниту блиску до состојбата во која треба да биде.

    Во досегашниот дел од светскиот куп се одржаа две трки во две конкуренции. Засега нема информации кога и каде трката Лејк Луис би била заменета, а наредна трка ќе биде во Бивер Крик, каде од 2 до 4 декември ќе се натпреваруваат во спуст, супервелеслалом и велеслалом.

    Скијачките наредната недела ќе бидат во Килингтон, а потоа би требало да се преселат во Лејк Луис. Дали ќе биде подготвена патеката ќе се знае за викенд или наредната недела.