Ни трага ни глас: Што се случува со Марез?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Минатата сезона беше најдобар фудбалер во ПЛ, а оваа година го нема никаде.

    Ријад Марез не личи на фудбалерот кој пред само неколку месеци ја освои Англија.

    Тогаш од недела во недела ни покажуваше нешто ново и брилијантно, а денес е сосема друга приказна.. Тој во првите 10 кола во ПЛ постигна само 1 гол, а нема ниту една асистенција.

    Марез на последните 17 натпревари во ПЛ постигна само 2 голови, а немаше ниту една асистенција, а тоа се почуствува на резултатите на Лестер.

    Лестер не се атрактивни како минатата сезона во која ја освоија титулата, но тоа се претпоставуваше.