Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Швајцарецот Вавринка вели дека е горд што освоил три Грен Слема во ерата на големата четворка.
Вавринка во последните 3 години ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен и така стана еден од големите играчи во најсилната ера во историјата на тенисот.
„Полесно ми беше да уживам во титулата по УС Опен во однос на Австралија Опен кога имав многу прашања во главата. Немав идеја што се случи тогаш.“
Тој вели дека не може да одвои ниту еден Грен Слем.
„Секоја титула е посебна, дефинитивно не очекував да освојам 3 Грен Слема во 3 години. Фактот дека го направив тоа во ерата на Надал, Ѓоковиќ, Мареј и Федерер е посебен.“
Тој вели дека полека доаѓал до психичката состојба во која се наоѓа сега.
„Тоа патување започна во 2013 година, кога влегов во Топ10. Малку по малку добивав самодоверба и чекорев напред.“