Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Завршија два натпревари од 23-то коло во втората македонска фудбалска лига.
Новаци во Кичево го декласира Еуромилк, 4:0.
После три минути игра беше досуден пенал за Новаци, а Благојче Марковски ја затресе мрежата на Еуромилк. Четири минути подоцна Благоја Наумоски зголеми на 2:0.
Илче Талевски го постигна третиот погодок во мрежата на Еуромилк. Конечните 4:0 ги постави Благоја Наумоски во второто полувреме и го постигна својот втор погодок на натпреварот.
Металург и Вардар Неготино во Скопје ремизираа, 1:1.
Тони Магловски погоди за водство на Вардар Неготино во првото полувреме. Дваесет минути пред крајот на натпреварот Теодор Фиданоски ги постави конечните 1:1.