Нова верзија на сагата: Ново тренерско име на повидок, Реал е сепак тој кој не го сака Конте?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не е Италијанецот тој кој ја дал „корпата“, туку Реал одлучил да не го ангажира. Ако, Солари не засужува доверба, Реал добива неколку недели за ново тренерско име…

Антонио Конте го одбил Реал и веќе познати се причините, но не е само Рамос и дочекот во соблекувалната, туку и некои други работи се проблематични. Италијанецот сакал да пристигне во Реал, веруваше дека ќе ги смири играчите, но проблемот се условите од негова страна.

Најпрво, побарал договор на 3 години, Реал му нудеше пак, до летото 2020. година, така што година и половина да биде ангажиран. Тоа не го увери Конте сериозно да смета на него. Перез не гледаше баш благонаклонето кон ова барање на некогашниот тренер на Јувентус и Челси, да го доведе со себе комплетниот тренерски тим, во прашање се шестмина луѓе.

Исто така, тој побарал да учествува во доведувањето на играчи, што кај Реал не е обичај, спортскиот директор Анхел Санчез токму поради тоа за потсетување, беше во отворена војна со Мурињо, а и Зидан не гледаше позитивно на потегот за продажбата на Мората, а не Бејл, со оглед на тоа дека Французинот го сакаше Мбапе.

Сето тоа го олади Реал од Конте, многумина зборуваа дека сличноста со Мурињо е преголема, да игра со тројца позади, дека тоа нема да биде фудбал каков што навивачите сакаат да гледаат, плус за разлика од шампионатот, ниту со Јувентус, ниту со Челси, Конте ништо не направи во Европа.

Затоа и Перез се насочи кон Роберто Мартинез кој негува многу поофанзивен стил, меѓутоа, тоа можеше да се каже и за Лопетеги кој токму поради играта на инсистирање за пасови заработи отказ, бидејќи Реал не постигнуваше погодоци.

Ситуацијата и натаму е без решение, освен што Солари може да помогне, ако ги добие следните три меча и го стабилизира тимот и можеби и да го заработи местото до јануари, или пак до крајот на сезоната. Но, ако остане, на некои посилни засилување во зимскиот преоден рок нема да може да смета, освен ако Јувентус го прифати предлогот на Трал и да направи размена на Алекс Сандро и Марсело, иако прашање е кој тука повеќе би добил…

Во секој случај, останува опцијата евентуално Мурињо да прифати, ако добие отказ, враќање во Мадрид, но тоа тешко може да се очекува.

Така што, Мартинез е како единствен кандидат, Перез се премислува, сигурно е дека селекторот на Белгија нема да прифати договор до крајот на сезоната, па останува прашање, дали Солари ја чува клупата за Алегри или некој друг, или бившиот тренер на Евертон сепак ќе добие животна шанса.