Нова голема трансфер зделка на Динамо Загреб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб важи за најдобриот балкански клуб кога во прашање се трансферите на млади и талентирани играчи низ големите европски клубови.

Голем трансфер од Загреб се подготвува и следната сезона, за кога се верува дека Дани Олмо, кој е еден од најдобрите играчи на клубот ќе го смени дресот на Динамо со некој од најголемите европски тимови.

За него постои сериозен интерес од Ливерпул, Милан, Борусија Дортмунд и Барселона. Олмо потекнува од школата на Барселона, Ла Масија, но како многу млад фудбалер се пресели во Загреб како дел од трансферот на Ален Халиловиќ во Барселона.

Динамо Загреб за неговиот трансфер ќе добие околу 25 милиони евра.