Нова неволја за Милан, ПСЖ ја плаќа клаузулата за Донарума


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на Пари Сен Жермен планираат да ја платат клаузулата за еден од најталентираните голмани во светот, Џанлуиџи Донарума.

Како што пишува „Газета дело Спорт“ голманот на Милан има откупна клаузула од 70 милиони евра,  и истата не претставува проблем за челниците на ПСЖ.

Донарума помина бурен летен преоден рок откако најпрво го одби договорот, но по бурните реакции на фановите и медиумите истиот беше продолжен. Сепак, по се изгледа Донарума нема да има иднина во тимот од Милано.

„Росонерите“ веќе се во потрага по негова евентуална замена, а како прв пик бил избран голманот на Наполи, Пепе Реина.