Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карпош Соколи одигра пријателски натпревар против Фени Индустри и заврши нерешено, 63:63.
Тренерите на двата тима, Синиша Матиќ и Љупчо Малинков се договорија да заврши нерешено натпреварот и да нема продолжение. Карпош Соколи беа блиску до победа, имаа водство од 63:60, но во последниот напад на Фени, хрватскиот кошаркар Матија Чешковиќ постигна тројка и ги постави конечните 63:63.
Новиот АБА-лигаш на овој натпревар играше без двајцата американци, Ламонт Мек и Кендрик Пери, а во второто полувреме и без Драган Зековиќ кој доби расекотина на лицето.
Драган Лабовиќ со 18 поени и Соколов со 15 поени беа најдобрите кај Карпош Соколи. Чешковиќ со 16 поени беше најефикасен кај Фени Индустри.
Ова беше првиот пријателски натпревар на овие клуба, а следниот се игра во сабота во 13:00 часот во Кавадарци.