„Новиот Филип Лам“ си најде нов клуб: Еден од најталентираните Германци потпиша за Монако


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот прволигаш Монако во последните години е познат по добрите трансфери.

Тие продолжија со тој тренд и летово, а ново име во Монако е младиот Бенџамин Хенрикс, германски фудбалер кој го сметаат за наследник на Филип Лам.

Во Германија го сметаат за еден од најголемите таленти, а тоа не чуди ако се земе во предвид дека на само 19 години дебитираше за германската селекција, а во Монако пристигнува од Баер Леверкузен за 25 милиони евра.

„Хенрикс е талентиран десен бек, кој има големо искуство и сигурен сум дека ќе учествува во успехот на нашата екипа“, кажа извршниот директор на Монако.