Новицки уште еднаш ја потврди класата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА лигата беа одигрнаи 5 натпревари, а најмногу возбудувања имаше на натпреварот помеѓу Далас и Јута.

Гостинскиот им неколку пати водеше со 21 поен разлика, но на крајот изгуби.

Домаќинот со одлична игра во второто полувреме успеа да се врати во игра и потоа да слави по дополнителните 5 минути со 112:105.

Продолжение на Далас му донесе Новицки со погодок на 2.8 секунди пред крајот.

Тој натпреварот го заврши со 20 постигнати поени и 7 скокови.

Новицки е 6-ти на вечната листа на најдобри стрелци со 29.831 поен, а јасно е дека во наредните месеци ќе ја премине бројката од 30.000 поени.