Нови главоболки за Тухел: Освен Нејмар, уште една ѕвезда на ПСЖ нема да игра против Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар е „отпишан“ за дуелот против Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони, а сега ПСЖ има дополнителни проблеми, откако француските медиуми објавија дека првиот меч во европското натпреварување ќе го пропушти и италијанскиот плејмејкер Марко Верати.

Фудбалерот на ПСЖ има повреда уште од дуелот со Генгамп пред три недели, а иако требаше досега да се врати на тренинг, сепак Верати не можеше да го издржи целиот процес на рехабилитација и не е познато кога ќе успее да заигра.

ПСЖ го загуби последниот меч од Лион во француската Лига 1 додека во францускиот Куп го совлада третолигашот Вилфранш дури по продолженија.

Очигледно парижаните имаат проблеми во екипата, а отсуството на Верати е дополнителен удар за тренерот Томас Тухел на мечот со Јунајтед, кој е во фантастична серија.