Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од раководството на Англиската Фудбалска Лига (ЕФЛ) која ги опфаќа сите лиги во Англија, освен Премиер Лигата, побарале промена на трансфер правилата.
Имено, пред неколку години беше воведено правилото трансфер позајмици да има само во летниот и јануарскиот преоден рок, нешто што не им се допаѓа на клубовите во пониските лиги.
Токму затоа од ЕФЛ бараат враќање на можноста да се носат играчи на позајмица и надвор од преодните рокови на лето и во јануари. Ваквиот систем одлично функционираше, а им дозволуваше на клубовите да прават трансфери на позајмици дури 93 дена по крајот на преодниот рок.