Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари истакна дека е возбуден поради играта на младите фудбалери на тој клуб во победата над Валенсија во шпанското првенство.
„Младите играчи носат свежина и елемент на возбудување. Морате тоа да го комбинирате со искуството на постарите за да постигнете баланс. Мораме да им дадеме шанса на младите“, истакна Солари за шпанските медиуми.
Обраќањето на Солари на медиумите беше фокусирано на смената на генерации во Реал Мадрид, а посебни пофалби имаше за младите играчи.
„Играчите како Маркос Љоренте, Алваро Одриосоле, Дани Себаљос, Серхио Рехулион, Винисијус Жуниор, да не ги заборавам другите. Тие се млади и талентирани и се надеваме дека за пет години од сега сите и натаму ќе играат тука“, истакна Солари.
Многумина сметаат дека „Кралскиот клуб“ наскоро ќе изгледа потполно поинаку.
Реал во саботата славеше против Валенсија со 2:0. По 14 кола е на петтата позиција во Примера со 23 бодови, пет помалку од водечката Барселона.