Нови проблеми за Аргентина, Меси нема да игра против Мароко!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси не се прослави во првиот меч по враќањето во репрезентацијата на Аргентина, а Венецуела беше подобра со 3-1, а ѕвездата на Барселона притоа се повреди.

Меси нема да игра против Мароко во вторник, откако ги одигра сите 90 минути во поразот, а тоа му е прв меч во репрезентацијата по поразот од четвртфиналето на Мундијалот од Франција.

Повредата на карлицата е овојпат проблемот, но се очекува да биде подготвен за наредниот меч на Барселона и тоа против Еспањол на 30 март.

Аргентинецот по поразот од Франција се повлече привремено од репрезентацијата, но по долга пауза реши повторно да го облече дресот на националниот тим.