Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мауро Икарди остана без капитенска лента во Интер пред неколку дена, а приказната за неговата ситуација во клубот продолжува.
Многумина за ситуацијата ја обвинија Ванда Нара, која е негова менаџерка и требаше да преговара за нов договор, но нејзините постапки ја налутија управата.
По целата драма се огласи и сестрата на Икарди, Ивана која порача преку Твитер дека не може да разбере зошто Ванда толку многу го користи Аргентинецот.
„Брате мој, зошто го дозволуваш ова? Интер не дозволува таков став. Кога би имал сериозна личност зад себе, таа која е навистина до тебе, вакви работи не би се случувале“, напиша Ивана.
Веднаш потоа се појави сопругата на Икарди, која ја обвини Ивана дека барала само пари од фудбалерот и сака таа да го искористи, а потоа Аргентинецот испратил порака.
„Тоа нема да се случи. Зошто не се обидеш ова време да го искористиш на работа. Ништо нема да постигнеш со ваква тактика. Збогувам“, порача Икарди.
— wan (@wandaicardi27) February 17, 2019