Нови проблеми за Вест Хем: Марко Арнаутовиќ на штаки го напушти стадионот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ синоќа доживеа повреда во дуелот во англиската Премиер лига против Волверхемптон.

Арнаутовиќ одигра 77 минути во тешкиот пораз од Волвс (3-0), а теренот мораше да го напушти поради повреда и се чини дека подолго време нема да го гледаме во дресот на Чеканите од Лондон.

Во големи болки австрискиот напаѓач го напушти стадионот Molineux. Тоа беше сосем видливо, а до тимскиот автобус мораше да отиде на штаки. Денешните прегледи ќе ја откријат тежината на повредата и колку време Арнаутовиќ ќе отсуствува од терените, но оваа повреда не изгледа ниту малку добро.

Оваа сезона одличниот напаѓач воопшто нема среќа со повредите, бидејќи на почетокот од демекври исто така мораше да оди на пауза од месец дена. Тогаш страдаше од повреда на задналата ложа, но оваа повреда очигледно е многу потешка.

Тој оваа сезона одигра 18 натпревари за Вест Хем, постигна осум голови од кои седум ги постигна во Премиер лигата.