Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки наскоро ќе пристигне во Сараево, каде што ќе има и трета операција.
Просинечки треба да биде опериран до 15 февруари, а тоа го потврдија и босанските медиуми.
Тоа ќе биде трета операција за Просинечки. Првата ја направи на 23 ноември, кога по враќањето од Лас Палмас се пожали на болки во стомакот.
Потоа мораше да се оперира и на први декември, кога имаше краток хируршки зафат од еден час.
Без разлика на операцијата, се очекува Просинечки да биде во состојба да ја предводи репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.