Нови 15 дисциплини на Олимписките игри


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Извршниот одбор на Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) вчера ја одобри одлуката за програмата на Олимписките игри што во 2020 година ќе се одржат во Токио.

Во одлуката стои дека 15 нови дисциплини ќе бидат на програмата во Токио. Пет од нив беа додадени во август минатата година, додека десет на вчерашниот состанок.

Меѓу новите спортови се наоѓаат и уличниот баскет 3 на 3,  велосипедизам (БМХ) слободен стил, пливање на 800 и 1500 метри…

Нови дисциплини на ОИ во Токио:

Сурфање

Спортско качување

Скејтбординг

Карате

Бејзбол/Софтбол

Пливање

800 метри (мажи) 1500 метри (жени) 4х100 мешана штафета (мажи и жени)

Стрелаштво: Мешан тим (мажи и жени)

Атлетика: 4х400 мешана штафета (мажи и жени)

Кошарка: 3х3 баскет

Велосипедизам: БМХ слободен стил

Велосипедизам: Мешано на патека (мажи и жени)

Мечување: Екипно

Џудо: Мешано (мажи и жени)

Пинг-Понг: Мешани двојки

Триатлон: Мешани тимови