Ново заминување на Ел Нињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот шпански напаѓач, Фернандо Торес во следните денови ќе го напушти Атлетико Мадрид.

Овој 33-годишен фудбалер кариерата би можел да ја продолжи во Турција од каде има интерес од Бешикташ.

Претседателот на турскиот клуб, Фикрет Орман имаше состанок со претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, а турскиот гигант понуди 2 милиони евра.

Атлетико сериозно размислува за прифаќање на понудата.

Сепак, шпанскиот напаѓач стравува од честите терористички напади во Истанбул, но турскиот клуб прави се само да потпише за нив.

Торес зад себе има богата кариера која ја почна во Атлетико. Потоа неколку години играше за Ливерпул, па потоа за Челси од каде се пресели во Милан и од таму се врати во Атлетико Мадрид.