Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес беа одиграни пет натпревари од десеттото коло од Бундеслигата во кои беа постигнати вкупно 16 голови.
Баерн Минхен како домаќин запиша уште еден кикс откако екипата на Аугсбург успеа непоразена да си замине од „Алијанц Арена“. Бледото издание на Баварците покажа дека кризата во клубот се уште не е пребродена.
Баерн Минхен како и што се очекуваше имаше повеќе од играта и имаше неколку одлични шанси кои не успеа да ги реализира. Серж Гнабри во 80. минута донесе радост за домаќините, но само седум минути подоцна резултатот го изедначи Холер.
За разлика од нив пак Борусија Дортмунд продолжува со одличните игри победувајќи го тимот на Волфсбург на гостински терен со 1:0. Единствениот гол за „Милионерите“ го постигна Марко Ројс во 27. минута.
Резултати:
Баерн Минхен- Фрабург 1:1
Шалке- Хановер 3:1
Б. Леверкузен- Хофенхајм 1:4
Аугсбур- Нинберг 2:2
Волфсбург- Борусија Дортмунд 0:1