Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Денешната програма од 14. коло од Премиер лигата заврши со натпреварот помеѓу Саутемптон и Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ иако беа фаворити против тимот кој грчевито ќе се бори за опстанок, уште еднаш не успеаја да го почувствуваат вкусот на победата и во Манчестер ќе се вратат само со еден бод.
Мурињо и неговите избраници треба да бидат среќни со ваквиот исход затоа што по само 20 минути имаа негатива од 2:0. Саутемптон дојде до предност со погодоците на Армстронг и Седрик Соареш.
Сепак, Манчестер Јунајтед се врати со головите на Лукаку и Ерера и успеа колку толку да го поправи лошиот впечаток во првото полувреме.
Во вториот дел Хјуз тактички го надмудри Мурињо и не дозволи „Ѓаволите“ посериозно да се заканат кон неговиот гол.