До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Наполи беше запрена пред своите гледачи од страна на Торино кој му овозможи на својот градски ривал да дојде блиску до нова шампионска титула.
Наполитанците иако на два пати имаа водство од 1:0 и 2:1 не успеаја да ги запишат трите бода против Торино и ремизираа со конечен резултат, 2:2.
Мертенс го отвори резултатот во 26. минута, на 1:1 намали Базели во 55. минута, а водството на домашниот тим го врати Марек Хамшик. Сепак, сите надежи за титула оваа сезона на Наполи им ги урна Де Силвестри кој погоди во 82. минута.
Екипата на Џенова претрпе пораз од 3:2 од тимот на Фиорентина. Трагичар на оваа средба беше нашиот Горан Пандев кој заработи директен црвен картон по само 15тина минути на теренот.
Џенова имаше предност од 2:1, но по црвениот на Пандев, Фиорентина направи пресврт и славеше победа.
Удинезе-Интер 0:4
Киево- Кротоне 2:1
Џенова- Фиорентина 2:3
Лацио- Аталанта 1:1
СПАЛ- Беневенто 2:1
Наполи- Торино 2:2













