Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Кошаркарите на Голден Стејт беа подобри од Њу Орлеанс со 116:106, а Стеф Кари испиша нова страница во НБА историјата.
Плејмејкерот на Голден Стејт постигна 13 тројки во дуелот, со одличен удар од 13/17 и постави нов рекорд за постигнати тројки во еден натпревар.
Кари до овој натпревар беше сопственикот на рекордот заедно со Коби Брајант и Маршал, а натпреварот го заврши со 46 поени. Прв пат во сезоната постигна повеќе од 40 поени, односно 23-ти пат во кариерата.
Клеј Томпсон постигна 24 поени, а Дурант имаше 2 помалку. Грин постигна 4 поени, 12 скокови и 11 асистенции. Њу Орлеанс сеуште нема победа, а во нивните редови Дејвис постигна 22 поени 13 скокови.
Лос Анџелес Клиперс го „уништија“ Детроит со 114:82. Екипата од Калифорнија на полувремето имаше водство од 62:32, а одлична игра во 6-та победа од 7 натпревари дадоа Крис Пол со 24 поени, 6 скокови и 8 асистенции, Џеј Редик со 20 поени додека Грифин постигна 13 поени, 10 скокови и 9 успешни додавања.
Останати резултати:
Шарлот – Индијана 122:100
Филаделфија – Јута 84:109
Вашингтон – Хјустон 106:114
Чикаго – Орландо 112:80
Оклахома – Мајами 97:85
Голден Стејт – Њу Орлеанс 116:106
Лос Анџелес Клиперс – Детроит 114:82