Нов пораз на Минесота – Сан Антонио го победи Торонто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На НБА паркетите беа одиграни неколку интересни натпревари.

Филаделфија пред свои навивачи ја победи Минесота со 93:91 во дерби на денот.

ЛаВајн со 28 поени беше најдобар играч на натпреварот, како и Таунс кој постигна 23 поени и 15 скокови. Ембид кај Филаделфија постигна 25 поени и 8 скокови.

Бостон со 115:104 ја победи Јута, а на патото до победата ги однесе Томас со 29 поени и 15 асистенции, односно Хорфорд со 21 додека кај гостите Хауард постигна 23 поени.

Во одличен натпревар Детроит е поразен од Индијана. Детроит изгуби со 116:121. Пол Џорџ се врати во стара форма, постигна 32 поени додека Харис со 22 и Џексон со 20 поени беа најдобри кај Детроит.

Сан Антонио го победи Торонто со големи 110:82.

Мајами на гостувањето кај Феникс беше поразен од Феникс со 99:90, а најдобар кај домаќините беше Букер со 27 поени. Драгиќ постигна 24 кај гостите.

Во последниот натпревар Лејкерс го победија Мемфис со 116:102.