Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси игра прекрасно сезонава, па уште не знае за пораз во англиската Премиерлига, па сега тренерот Маурицио Сари сака да ги осигура своите фудбалери.
Многу европски гиганти се поврзуваат со некои од фудбалерите на „сините“, па поради тоа Сари сака да им ги продолжи договороте.
Еден од нив е Антонио Рудигер, за кој покажаа интерес неколку клубови, но Сари нема да го пушти да си замине од „Стемфорд бриџ“.
Управата на Челси, наводно, веќе подготвила нов договор за дефанзивецот, кој би требало наскоро да биде потпишан.
Откако ќе се потпишат договорите со нивните најважни фудбалери, Челси во јануари ќе тргне по нови засилувања.