Нов скандал: УЕФА случајно го „откри“ победникот во Лигата на шампиони!? (ФОТО)

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска случајно го „откри“ победникот во Лигата на шампиони за сезонава.

Силите во големото финале на 26. мај ќе ги одмерат актуелниот шампион Реал Мадрид и екипата на Ливерпул, а УЕФА го прогласи победникот на официјалниот сајт.

Тоа е екипата на Ливерпул. Барем тоа име стоеше на страницата на УЕФА, но набрзо грешката беше отстранета.

Претходно, тие исто така згрешија, кога кажаа дека Реал ќе ја брани титулата, а тоа го погодија, па останува да видиме дали им е точна прогнозата за финалето.