Нов случај на „Димитри Паје“: Диего Коста одби да остане во Челси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу внимание во последниве денови предизвика караницата на Коста и Конте.

Тие имаа караница на еден од тренинзите, а потоа Конте не го повика во тимот за натпреварот против Лестер.

Наводно, се ова се случува затоа што Коста сака да замине до крајот на јануари.

Медиумите донесуваат информација дека вистинска причина за караницата била тоа што Коста одбил да потпише нов 5-годишен договор, вреден 200.000 фунти неделно.

Се шпекулира дека Коста сака да замине во КИна, каде што Тијанџин му нуди 30 милиони фунти годишно и тоа откако ќе се одбие данокот.

Коста оваа сезона постигна 14 голови во ПЛ, а тој би можел да биде новиот „случај Паје“, бидејќи и Димитри Паје неодамна одби да игра за Вест Хем.