Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Минатата ноќ беа одиграно 7 натпревари во НБА лигата, а во центар на внимание беше натпреварот во Њујорк каде што домаќините играа против Оклахома.
Победи гостинскиот тим, кој на крилата на Расел Вестбрук беше феноменален. Вестбрук постигна 27 поени, 14 асистенции и 18 скокови.
За него ова беше 8-ми трипл-дабл во 19 натпревари во сезоната и сега по натпревар има 30.9 поени, 10.3 скокови и 11.3 асистенции во просек.
https://youtu.be/KXUV5NVY5L0
Со победите продолжи и Голден Стејт кој на свој паркет ја победи Атланта со 105:100. Кари и Дурант постигнаа 25 поени, а ги следеше Томпсон со 20 поени.
Останати резултати:
Вашингтон – Сакраменто 101:95
Мајами – Бостон 104:112
Њујорк – Оклахома 103:112
Торонто – Филаделфија 122:95
Мемфис – Шарлот 85:104
Минесота – Јута 103:112
Голден Стејт – Атланта 105:100