Нов трипл-дабл на Јокиќ, Харден постигна 48 поени во триумфот на Хјустон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА-лигата беа одиграни неколку натпревари, а најмногу внимание привлекоа тие на Денвер и Кливленд (124-102), како и на Хјустон и Лејкерс (138-134).

Денвер Нагетс со 124-102 го победија Кливленд кавалирс и тоа беше шанса за Никола Јокиќ да стигне до нов трипл-дабл. Јокиќ постигна 19 поени, 12 асистенции и 11 скокови.

Џејмс Харден продолжи со одличните настапи, па синоќа во триумфот од 138-134 на Хјустон против Лејкерс постигна неверојатни 48 поени, шест асистенции и осум скокови.

Во останатите натпревари, Торонто го совлада Мемфис со 119-90, Мајами беше подобар од Чикаго со 117-103. Атланта како домаќин беше поразена од Бостон со 105-113, а во Орландо триумфираше Милвоки со 118-108. Додека Далас беше поразен од Индијана со 99-111.