Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Арсенал ќе бидат вознемирени поради најновите информации, кои пристигнуваат од Лондон.
Свен Мислинтат, шефот на скаутинг службата е блиску до заминување од „топчиите“ по само една година помината во клубот.
Човекот, кој цела деценија помина во Борусија Дортмунд, беше еден од главните „виновници“ за успехот на „милионерите“.
Информацијата не е потврдена, но се шпекулира дека постојат две причини за раскинувањето на договорот.
Првата е немоќта на Арсенал на трансфер-пазарот, а неа ја потврди и тренерот Унај Емери, кој кажа дека ќе бара засилувања само преку позајмици.
Втората е наводно несогласувањето на Емери и шефот на скаутинг службата, но засега ништо не е потврдено.