Норвежанецот не застана во Вал Д`Изер: Крисоферсен најбрз во Мадона ди Кампиљо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хенрик Кристоферсен стигна до 2-та победа по ред во слалом.

По победата во Вал Д`Изер, Кристоферсен најбрз беше и во Мадона ди Кампиљо.

Тој имаше најдобро време во двете возења и на крајот победи пред Марсело Хиршер, односно Стефан Грос.

Во пласманот на слаломот Хиршер води со 260 бодови, втор е Кристоферсен со 200, а трет е Моелг со 146 бодови.

Во генералниот пласман Хиршер е на првата позиција со 633 бодови, а следуваат Јансруд со 382 и Кристоферсен со 382.