Норвешка остана без селектор


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Селекторот на Норвешка, Пер Матијас Хегмо поднесе оставка поради лошите резултати на репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година.

    Норвешка не успеа да се пласира на Светското првенство кое се одржа во 2014. година во Бразил, ниту на Европското првенство ова лето во Франција.

    Во квалификациите за Мундијалот во Русија, Норвешка е претпоследна во групата Ц со три бода од четири натпревари. Норвешка во петокот загуби од Чешка со 1:2 во Прага.

    На светската ранг листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Норвешка го зазема 81-то место, што е најлош пласман во историјата на оваа репрезентација, додека во 2012. година оваа селекција беше на 24. место.