ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен го совлдаа Баерн (1:0) во рамките на 11. коло од Бундес лигата.
Дортмунд пред своите фанови конечно запиша победа против лутиот ривал, а херојот на оваа екипа повторно беше Пјер-Емерик Обамејанг. Напаѓачот на Дортмунд со својот 12. гол во оваа сезона му донесе нови три бода на својот тим.
Сепак, германските медиуми по натрпеварот најмногу ги интересираше зошто фудбалерот по постигнвуањето на голот одлучи да направи неколку склекови. Обамејанг на тој начин го прослави голот, а објасни и зошто.
„На стадионот беше познатиот француски рапер, Градур, оваа прослава е посветена на него“, изјави напаѓачот на Дортмунд по натпреварот.