Обамејанг: Останувам во Борусија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пјер Емерик Обамејанг потврди дека имал понуди да го напушти клубот ова лето, но дека ќе остане верен на Борусија Дортмунд.

Напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Кина како и со премин во редовите на Милан, Челси и Манчестер Сити.

„Точно е дека зборував со луѓето од Борусија пред да одам на одмор. Им ги кажав моите мислења, дека можеби сум подготвен за нешто поинакво. Тоа беа отворени и фер разговори со Мајк Зорц и Ханс Јоаким Вацке.

Сепак никој од клубовите кои ме посакуваа не можеа да се договорат. Јас ќе останам овде во Борусија Дортмунд. Ми се допаѓа што ќе останам тука затоа што се чувствувам како дома овде во Дортмунд“- коментираше Обамејанг.

„Милионерите“ за потписот на Пјер Емерик Обамејнаг бараа 70 милиони евра, сума која никој од клубовите не се согласи да ја плати.